„Абе толку си глуп бе, пред камера врвиш?“ – кога македонската телевизија немаше филтер

Замислете ја сценава денес. Дете поминува пред камера среде вклучување во живо, а репортерот без многу размислување му довикува: „Абе толку си глуп бе, пред камера врвиш?“ Денес веројатно уште пред да заврши прилогот, снимката ќе беше на сите социјални мрежи, ќе се расправаше дали новинарот навредил малолетник, ќе се бараше извинување, а можеби ќе се споменуваше и тужба. Тогаш? Човекот си кажа што му лежеше на душа и продолжи со програмата. 😂 Колку се смениле телевизијата, јавниот говор, но и ние како публика, најдобро покажуваат токму ваквите стари снимки.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *