Вака гореше синоќа покрај експресниот пат Штип – Кочани: Автомобилите едвај поминуваа низ густиот чад
Драматични снимки од синоќешниот пожар кај експресниот пат Штип – Кочани. Огнот се доближил до самиот пат, а поради густиот чад и намалената видливост сообраќајот бил во прекин. Според Дирекцијата за заштита и спасување, горело стрниште во непосредна близина на патот. Пожарот подоцна бил целосно изгаснат, а во справувањето со огнот помогнал и дождот што заврнал во регионот.

Коментирај анонимно