Од „ДА“ до породилна сала за само три часа: Невеста од Шабац се венча со пукнат водењак
Вања Васиќ (21) од Шабац имала контракции уште претходната вечер, но не ни помислувала да ја откаже венчавката. На пат кон матично ѝ пукнал водењакот, но наместо во болница, решила прво да каже „ДА“. Матичарката најпрво одбивала да ги венча и сакала да повика Брза помош, но Вања инсистирала да ги потпишат документите. Венчавката завршила околу 12 часот, по што невестата стигнала дури и да се фотографира и да отиде дома по работите за породилиште. Само три часа по венчавката, во 15 часот, Вања го родила синот Бошко – од „ДА“ до породилна сала за само три часа.
Коментирај анонимно