Доаѓа Медведев кај Путин изнервиран од временските зони (виц)
Доаѓа Медведев кај Путин и нервозно му предлага да ги укинат сите тие временски зони.
Путин го прашува:
– Зошто?
– Па веќе не можам да се снајдам. Ќе отпатувам во друг град, ќе се јавам дома – сите спијат. Минатиот пат тебе те разбудив во четири часот наутро, а мислев дека е веќе вечер. Ѝ се јавувам на Ангела да ѝ го честитам роденденот – ми вели дека бил вчера. Му се јавувам на претседателот на Кина за Нова година – ми вели дека е утре…
– Ајде бе, тоа се глупости – му вели Путин.
– Какви глупости?! Се сеќаваш кога се урна оној полски претседателски авион? Се јавувам да им изразам сочувство, а човекот ми вели дека авионот уште не ни полетал…


Коментирај анонимно