„Порано беше подобро“ – ама дали навистина? Погледнете каде е Македонија по невработеност од 1991 до 2025 година

Често знаеме да кажеме дека „порано беше подобро“, но кога станува збор за невработеноста, бројките раскажуваат малку поинаква приказна. Според податоците прикажани во видеото, Македонија од 1991 до 2025 година речиси постојано се наоѓа на самиот европски врв – со години на првото, а потоа најчесто на второто место. Стапката на невработеност со текот на времето значително се намалува, но нашата позиција во однос на другите европски земји тврдоглаво останува меѓу најлошите. Изгледа барем во нешто држиме стабилност – во невработеноста.

 

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *