Жена лажирала бременост и „родила“ деца преку вештачка интелигенција за да изнуди пари од бившиот (3 фотографии)

Жена од рускиот град Улјановск лажирала бременост и создала деца преку AI за да изнуди пари од својот бивш партнер. По раскинувањето, 25-годишната жена му рекла на својот бивш дека е бремена со близнаци, подоцна му испратила фотографија од „близнаците“ од породилиштето и му побарала пари. Мажот ѝ поверувал, ѝ почнал да ѝ префрла пари на сметка. Кога по некое време отишол да си ги види децата, лагата излегла на површина.

Кога младиот „татко“ пристигнал во Улјановск, се покажало дека неговите деца се AI, а мајката самата живеела од исплатите за „издршка“ – вкупно, таа го измамила својот бивш за 684.000 рубли или околу 6800 евра.

Мажот поднел тужба за измама.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *