Учебната година почнува со 433 паралелки помалку и затвoрени 148 училишта

Новата учебна година почнува со статистика што тешко се чита рамнодушно: празни училишни објекти, оптимизирани паралелки и ветување дека наставниот кадар нема да биде отпуштен. Во исто време, од ресорното министерство информираат дека учебниците пристигнале навреме, а платите на вработените во образованието треба да се зголемат во март идната година.

Учебната година почнува со 433 паралелки помалку и затвoрени 148 училишта

Дополнителни 26 подрачни училишта во рурални средини остануваат без ученици

Како што е соопштено, овие објекти привремено се затвораат затоа што немаат запишани ученици или имаат мал број деца. Наставата за тие ученици ќе продолжи во најблиското поголемо училиште. Вкупната бројка на вакви, за жал, празни училишни објекти во Македонија изнесува 148.

Дополнителни 26 подрачни училишта во рурални средини остануваат без ученици

222 паралелки помалку во основно и 211 помалку во средно образование

Со обединувањето на паралелките, образовниот систем годинава ќе функционира со вкупно 433 паралелки помалку. Од нив, 222 се во основното образование, а 211 во средното образование. Оваа оптимизација се претставува како дел од организацијата на наставата во новата учебна година.

Платите во март 2027 треба да пораснат за 7,5 или 10 проценти

Наставниците, како и останатиот образовен и технички персонал во училиштата, треба да добијат ново покачување на платите. Според најавата, зголемувањето ќе изнесува 7,5 или 10 проценти, во зависност од инфлацијата. „Ова е договорено со СОНК пред 2 години и, се разбира, стоиме на договорот преку кој досега платите пораснаа за над 20%.“

До 30 септември важи училишната кошничка со 15 отсто пониски цени

За родителите и учениците, останува мерката за поевтин училиштен прибор. Училишната кошничка се применува во книжарниците и во останатите маркети, а треба да донесе намалени цени за потребните материјали на почетокот на учебната година.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *