Крвта да ти замрзне во вените: Снимка од егзорцизам во православна црква
Ова не е снимка од филмот Егзорцизам, туку снимка од она што се прави во манастирите ширум регионов, вклучително и нашиот Бигорски. Како што изјавува отец Партениј, архимандрит и игумен во манастирот „Св. Јован Бигорски“, во интервју за Мотика, егзорцизмот е познат уште од најстари времиња и во православието. На почетокот истерувачите на духови и демони не биле од редовите на свештениците, но потоа таа пракса преминала и во рамките на свештеничките редови. Ритуалите се строго определени, при што се читаат специјални молитви напишани од св. Василиј Велики. Во некои православни цркви не секој свештеник може да биде егзорцист, туку само определени духовници кои за таа должност се подготвуваат со посебна молитва. Архимадрит Партениј раскажува за најразлични негови искуства со опседнати од демони со кои се среќавал во Бигорскиот манастир. Целото интервју можете да го прочитате на следниот линк.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Коментирај анонимно