Дали вреди, колку треба да вложите и како да почнете да копате крипто валути?

На темата разговаравме со најголемиот експерт за машини за копање криптовалути во Македонија, Крис Фунду. Крис е еден од говорниците на Третата Македонска Крипто Конференција која ќе се одржи на 6-ти септември во МКЦ – Скопје. Повеќе информации на следниот линк.

1. Во едно реченица, за што ќе зборувате на МКК3, за некој кој не е запознаен со темата?

Презентацијата ќе ја опфати тековната состојба во индустријата за крипто-мајнинг, посебно фокусирајќи се на три можности релевантни за Македонија: комбинацијата со соларна енергија за поеколошко производство, cloud-мајнингот како начин за инвестиција без инфраструктурни трошоци, и двојната употреба на мајнинг-инфраструктурата.

2. Кое погрешно верување за областа во која работите ќе го демаскирате на сцена?

Дека целиот бизнис се сведува на биткоин-циклусот: купи на дно, продади на врв, и чекај мирно меѓу циклусите. Вистината е дека индустријата изобилува со можности.

3. Ако публиката запамети само едно нешто од вашиот говор, што ќе биде тоа?

Крипто и мајнингот како субсет не чека биткоин-циклус — со вистински пристап, можностите во оваа индустрија никогаш не исчезнуваат.

4. Кој блокчејн проект или личност во крипто/Web3 ве импресионирал во последно време и зошто?

Monero со нивната реакција на Bitmain Antminer X9. Кога Bitmain најави ASIC за RandomX алгоритмот, заедницата веднаш најави промени на алгоритмот што би ја намалиле функцијата на уредот. Bitmain го повлече ASIC мајнерот од пазарот пред да биде лансиран — совршен доказ дека децентрализирана заедница може да се спротистави на гигант и да ја одбрани својата мрежа.

5. Што Вас лично ве натера да влезете во оваа индустрија?

Не беше еден момент, туку долг процес. Ме привлече ветувањето за децентрализиран финансиски систем каде приватноста е вградена, инвестициските можности достапни за сите, и каде сите имаат иста можност без разлика од каде се.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *