Персоналот го залепи со селотејп патникот по расправија во авионот
За време на лет на „Американ ерлајнс“, еден пореметен патник целосно го изгубил трпението: почнал да упатува расистички и хомофобични навреди, удрил сопатник и турнал жена која се обидела да интервенира.
Вооружени со ролни селотејп, персоналот и неколку патници, реагираа така што го врзаа бунтовникот за неговото седиште. Авионот на крајот направи итно слетување во Балтимор, каде што полицијата веќе ја чекаше завитканата мумија.

Коментирај анонимно