Моторна пила наместо берба: Втор случај во Неготинско за само два дена – лозар го сече лозјето поради немањето откуп

Во село Тремник, Неготинско, сè уште нема започнато откупот на грозјето, а незадоволството кај лозарите расте. Ова е втор случај во само два дена лозар да го уништува својот насад, откако разочарувањето од состојбата со откупот достигна кулминација.

Еден од лозарите од Тремник, револтиран поради неизвесноста, со моторна пила го сече своето лозје.

Лозарите стравуваат дека родот ќе остане неоткупен или ќе бидат принудени да го продаваат по неповолни услови, и покрај вложениот труд и трошоците во текот на целата година.

Случајот во Тремник повторно го отвора прашањето за проблемите со откупот и пласманот на грозјето, а ваквите постапки се знак на сè поголемото незадоволство кај производителите.

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *