Лејди Гага стана мајка: Пејачката го доби своето прво дете

Лејди Гага и нејзиниот свршеник Мајкл Полански, според објавените фотографии, изгледа дека го добиле своето прво дете. Двојката била фотографирана во Калифорнија со бебето, во прошетка што веднаш предизвика внимание кај обожавателите.

 

Page Six објави фотографии, но официјална потврда сè уште нема

Нема официјална потврда или соопштение, но Page Six објави фотографии од пејачката и Полански додека шетаат, при што Гага, позната и како Стефани Џоан Анџелина Џерманота, го држи детето блиску до себе.
Двојката е заедно од 2020 година, а се сврши минатата година, па изгледа дека двајцата се подготвени да го прошират семејството.

„Сакам да снимам повеќе филмови, сакам да имам бебиња“

Уште во 2019 година, во разговор со NikkieTutorials, таа кажа дека сака да има деца, објаснувајќи ги своите планови за следните 10 години со зборовите: „Сакам да снимам повеќе филмови, сакам да имам бебиња“.
Следната година за InStyle изјави дека навистина со радост го очекува мајчинството, бидејќи е „многу возбудена што ќе има деца“.
„Со нетрпение чекам да бидам мајка. Зар не е невероjатно што можеме да направиме? Можеме да носиме човек во себе и да го растеме. Потоа тоа излегува, и наша работа е да го одржиме во живот,“ рече таа.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *