Група теоретичари на заговор оштетиле сензори на семафор во Англија за кои тврдат дека всушност се нападно оружје

Семафорите постојат со децении, но во последно време добиваат се понапредни технолошки надградби што им овозможуваат да откриваат пешаци или да се приспособуваат на движењето на возилата. Тоа се подобрувања за кои повеќето заедници би биле благодарни, но во округот Девон, Англија, тие очигледно се третираат како закана, па дури и се оштетуваат од загрижени граѓани.

Група теоретичари на заговор оштетиле сензори на семафор во Англија за кои тврдат дека всушност се нападно оружје

Во Илфракомб случаен минувач снимил сечење жици на семафорски столб

На видеоснимка направена од случаен минувач во градот Илфракомб, се гледаат две лица како се качуваат на столб од семафор и ја оштетуваат опремата со сечење на повеќе жици поврзани со напредни сензори. Откако видеото стана вирално на социjалните мрежи, било откриено дека двоjката, пензионери на возраст од 60-ти и 70-ти години, била дел од група теоретичари на заговор позната како Blade Runners.

Во Илфракомб случаен минувач снимил сечење жици на семафорски столб

„Ilfracombe Blade Runners“ тврдат дека сензорите се „електронско нападно оружје“

Во повеќе обjави споделени онлаjн, таканаречените „Ilfracombe Blade Runners“ ја оспоруваат идејата дека модерните семафори се дизаjнирани за да го подобрат урбаниот живот. Наместо тоа, тие тврдат дека станува збор за „електронско нападно оружје“ напоjувано од „нелегална технологија изведена од боjно поле“, која претставува „непосредна закана за животот“ предизвикуваjќи низа сериозни здравствени проблеми, меѓу кои срцеви удари, рак на мозок, анксиозност, па дури и ненадеjна смрт.

 

Полицијата соопшти дека се направени илјадници фунти штета и дека има опасност за учесниците во сообраќајот

Според полицијата на Девон и Корнвол, мажот и жената снимени како интервенираат на семафорите во Илфракомб предизвикале штета вредна илјадници фунти. Тие биле уапсени под обвинение за кривично оштетување и предизвикување опасност за учесниците во сообраќајот. Подоцна биле пуштени со кауција.

Групата вели дека технологијата може „да убие луѓе кога се фокусира на цел“

Инцидентот следи по неколку пријави за оштетени семафори поврзани со диви теории на заговор што кружат онлаjн. Blade Runners, на пример, тврдат дека технологијата во семафорите може „да убие луѓе кога се фокусира на цел“, без да понудат каков било доказ.
Иако се соочуваат со критики од многумина на социjалните мрежи, Blade Runners изјавиле дека никогаш нема да се повлечат. Себеси се опишуваат како „целосно будни“.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *