Зошто е непристојно да ги држиме лактите на маса и други навидум бесмислени правила на бонтон

„Не ги ставај лактите на масата“ е реченица што повеќето луѓе во западниот свет ја слушале додека растеле. Обично немало многу објаснување, освен дека тоа едноставно е непристојно. Но кој решил дека потпирањето со лакти на масата додека јадете треба да се смета за нешто лошо?
Според експертот за бонтон Вилијам Хансон, правилото не настанало од празна строгост. Кога првпат било воведено, зад него имало сосема практична причина.

Зошто е непристојно да ги држиме лактите на маса и други навидум бесмислени правила на бонтон

Едно потпирање можело да ја преврти целата средновековна маса

Вилијам Хансон, тренер за бонтон, одвои време да одговори на прашања за правилата на однесување за WIRED. Едно од првите прашања дојде од жена која бараше да знае зошто постои правило против ставање лакти на масата. Тоа е едно од оние правила што изгледаат бесмислено дури и кога човек ќе порасне, но Хансон објаснува дека почнало од добра причина.
„Правилото да нема лакти на масата се враќа во средниот век во Европа, кога јаделе на маси поставени на потпори. Тие поставувале вакви клупи со дрвени плочи одозгора. Ако ги ставите лактите на масата, масата би се превртела и храната би отишла насекаде, а тоа очигледно не е многу добар бонтон, па така станало правило да не ги ставате лактите на масата. Ние навистина и понатаму се придржуваме до правилото без лакти на масата, затоа што мислам дека изгледа навистина грдо“, објаснува Хансон.

Лажичката во чајот не треба да оди во круг

Прашањата за бонтон биле разновидни, а неколку одговори можат да изненадат многумина. Еден од нив е начинот на мешање чај: според Хансон, правилниот начин не е кружно движење.
Тој вели дека чајот треба нежно да се промешува со лажичката напред-назад во чашата. На прв поглед, тоа движење не изгледа како навистина да мешате нешто, но делува попрефинето од кружно удирање со лажичката по порцеланот или стаклото.

За грашокот не се зема лажица, туку се боде со вилушката

Подоцна во видеото, Хансон дава корисна лекција за тоа како правилно се јаде грашок. Тие мали зелени зрна знаат да бидат здодевни, бидејки лесно се тркалаат од приборот. Многумина би ја спуштиле вилушката и би земале лажица, но Хансон вели дека постои правилен начин без лажица и без бркање зрна низ трпезаријата.
„Она што не го правиме е да загребуваме вака“, вели Хансон додека покажува движење со кое се собира храна. „Во навистина неформално јадење тоа можеби би било дозволено, но во поформално јадење ке ги користиме и вилушката и ножот. Некои луѓе го прават ова“, вели додека со ножот турка грашок врз вилушката. „Мислам дека вака е потешко да се одржат тие зрна грашок во рамнотежа. Еве, гледате. Едно падна. Многу е подобро само да ги набодете на запците од вилушката и да јадете вака.“

Наздравување без чукање чаши, особено кога стаклото е скапо

Едно правило што може да изненади доста луѓе е дека чукањето чаши при наздравување не се смета за правилно во формален амбиент.
Хансон објаснува дека „во формално јадење, пиете од фино стакло што е скапо изработено и ако почнете да ги удирате чашите една од друга, ке го слушнете ѕвекотот на стакло по целиот под, а тоа донекаде ке го уништи оброкот“.

Вирусната шема за приборот Хансон ја нарече „куп глупости“

Потоа Хансон одвои време да разобличи вирусна инфографика која се обидува да покаже како треба да го поставите приборот за јадење за да им кажете на келнерите што мислите за оброкот и дали сте подготвени за следната порција. За оваа дезинформација тој очигледно има цврст став и ја нарекува „куп глупости“.
„Единствените положби во кои го ставате приборот кога не го држите во рака се за да покажете дека паузирате или дека сте завршиле“, вели Хансон, пред да ги постави запците на вилушката преку ножот за путер на чинијата и така да ја покаже положбата за пауза.
Потоа покажува дека кога сте завршиле со храната, вилушката и ножот треба да бидат поставени паралелно на чинијата. Во некои делови од светот тие можат да бидат и малку накосени. Во Франција важи истата положба, но вилушката е свртена надолу, што значи дека врвовите на запците се на чинијата. Така персоналот што послужува знае дека сте завршиле, без да мора да праша.

Разговорот „треба да биде како тенис“, а не држење на топката засекогаш

Уште еден корисен совет од Хансон е дека единственото соодветно време да прекинете некого е ако гори, а самиот не го забележал тоа. Но тој потсетува дека „разговорот треба да биде како партија тенис. Не треба да ја држите топката и никогаш да не ја пуштите“.
Излегува дека повеќето од овие „глупави“ правила никогаш не биле произволни. Тие решавале практични проблеми што престанале да бидат важни пред векови. Масите на потпори исчезнале, но навиката останала бидејки изгледа средено. Можеби вистинската лекција е оваа: бонтонот не е толку за крути правила, колку за тоа да не направите неред, буквално или општествено, за луѓето околу вас.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *