Како ќе изгледаат брачните проблеми во 2060 година (виц)

Почитувана техничка поддршко,
Минатата година направив надградба од Дечко 5.0 на Сопруг 1.0 и забележав дека новата програма почна неочекувано да прави промени во финансиските модули, ограничувајќи го пристапот до апликациите Цвеќе и Накит, кои беспрекорно работеа со Дечко 5.0.
Покрај тоа, Сопруг 1.0 деинсталира многу други вредни програми, како што е Романтика 9.9, а инсталира несакани програми како НФЛ 5.0 и НБА 3.0.
Разговор 8.0 повеќе не работи, а Чистење на куќата 2.6 едноставно го урива системот.
Се обидов да го решам проблемот со Ѕвонење 5.3, но безуспешно.
Очајна
Драга Очајна,
Имајте предвид дека Дечко 5.0 е забавен пакет, додека Сопруг 1.0 е оперативен систем.
Обидете се да ја внесете командата:
C:/МИСЛЕВ ДЕКА МЕ САКАШ
и инсталирајте ја програмата Солзи 6.2.
Сопруг 1.0 тогаш автоматски би требало да ги активира апликациите Чувствување вина 3.0 и Цвеќе 7.0.
Но запомнете, прекумерната употреба на овој метод може да предизвика Сопруг 1.0 да ги активира Непријатна тишина 2.5, Пиво 6.1 и Фудбал 4.2.
Пиво 6.1 е многу лоша програма, која создава датотеки Гласно ‘рчење.
Што и да правите, НЕ инсталирајте Ташта 1.0 и не обидувајте се повторно да инсталирате друга верзија на програмата Дечко.
Тоа се неподдржани апликации и ќе го урнат Сопруг 1.0.
Накратко, Сопруг 1.0 е одлична програма, но има ограничена меморија и не може брзо да учи нови апликации.
Размислете за купување дополнителен софтвер за подобрување на перформансите.
Лично ви ги препорачувам Готвење 3.0 и Секси долна облека 7.7.
Со среќа,
Техничка поддршка

Коментирај анонимно