Годината е 2050: Македонците решиле да создадат сопствен оперативен систем (виц)

Годината е 2050. Македонците решиле да создадат сопствен оперативен систем, кој според неофицијални извори ќе се вика „Пензионер 2050“.

Откако го создале системот, избрале еден човек да го тестира еден месец. Но по само неколку дена, човекот им го вратил. Кога го прашале зошто, им рекол:

– Кога ќе ставам USB-стик од задната страна, ми исфрла порака: „Не ми го пикај одзади!“

– Кога ќе ставам оригинално CD, ми вели: „А што, снема пиратски?“

– Кога сакам да ја исчистам внатрешноста на куќиштето, ми вели: „Не ме соблекувај, срам ми е!“

– А кога сурфам на интернет и гледам порнографија, ми вели: „Што мислиш, што би рекла жена ти ако го види ова?!“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *