На Табановце ќе биде промовиран системот на телесни камери за царинските службеници
На 17.09.2026 година, на граничниот премин Табановце официјално ќе биде промовиран системот на телесни камери за царинските службеници. Опремата е обезбедена како донација преку Меѓународната програма за обука и помош при водење криминалистички истраги (ICITAP), во рамки на Кривичниот оддел при Министерството за правда на САД.

Како што соопшти Царинската управа, на настанот ќе говорат директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, и вршителот на должност амбасадор на САД во земјава, Никол Варнс.
Според најавата, воведувањето на системот на телесни камери е дел од активностите насочени кон зајакнување на транспарентноста, интегритетот и професионалните стандарди во работата на царинските службеници.


Коментирај анонимно