18 млади македонски репрезентативци одат на Светско првенство со самофинансирање – за што служи македонското Министерство за спорт?

Осумнаесет македонски кик-боксери и тројца тренери заминуваат за Лидо ди Јесоло, Италија, каде што Македонија ќе настапи на Светското WAKO првенство за деца, кадети и јуниори.
Станува збор за најбројната македонска јуниорска кик-бокс репрезентација што досега настапила на официјално Светско првенство. Наместо државата да обезбеди услови младите репрезентативци да се концентрираат на спортот, патот кон првенството повторно се претвора во борба надвор од рингот.

 

Федерацијата соопшти дека настапот мора да се обезбеди преку самофинансирање

Според претседателот на Федерацијата и селектор, Дејан Митровски – Урко, и покрај поднесените барања за финансиска поддршка за учеството на Светското првенство, Федерацијата до почетокот на септември немала добиено наменски средства од Министерството за спорт, ниту одговор на барањата.
Ова говори за тоа колку државата го цени спортот. Национална репрезентација стигнува до Светско првенство, а државната институција задолжена за спорт не обезбедила ниту денар за самиот настап.

Федерацијата соопшти дека настапот мора да се обезбеди преку самофинансирање

438 милиони денари за македонскиот спорт, но не и навремена помош за овој настап

Срамот е уште поголем ако се спореди со изјавите на министерот Борко Ристовски. Министерството годинава соопшти дека за македонскиот спорт се обезбедуваат 438 милиони денари, а самиот Ристовски во повеќе наврати тврдеше дека државната финансиска поддршка ќе се насочува според спортските резултати.
Во август, на прес-конференцијата за Струшкиот ракометен турнир, порача дека „Министерството ќе стои зад турнири, федерации, клубови и поединци кои продуцираат успех“.
Тогаш логичното прашање кое се наметнува е – што точно треба да направи една младинска национална репрезентација повеќе од тоа да избори настап на Светско првенство за да заслужи навремена институционална поддршка?

438 милиони денари за македонскиот спорт, но не и навремена помош за овој настап

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *