Девојка ги сподели пораките од своето посесивно момче, а сите ѝ порачуваат: „Бегај додека можеш!“
Една 21-годишна девојка раскажа дека се чувствува „задушено“ од своето 22-годишно момче, откако тој почнал да го следи секое нејзино движење. Нивната врска трае речиси две години, но по еден месец пауза за да се посветат на себе, враќањето не донело мир, туку постојана потреба тој да знае каде е таа во секој момент.

Содржина:
„Моето момче микроменаџира се што правам“
Девојката ја сподели својата приказна на Reddit, објаснувајќи дека промената во неговото однесување ја исцрпува.
„Моето момче микроменаџира се што правам,“ се пожали таа на Reddit.
„Порано не беше толку посесивен, но поради тешка година за нашата врска, сега го следи секое движење што го правам – ја споделувам мојата локација со него од безбедносни причини.“
Таа призна дека сака повеќе личен простор, но чувствува дека момчето нема да ѝ „дозволи“.
„Се чувствувам задушено,“ рече таа, објаснувајќи дека не знае зошто однесувањето на момчето одеднаш се променило, бидејки никогаш не го изневерила.

Кафе, ручек и барање фотографија како доказ каде се наога
Во една порака, момчето ја прашало каде оди, откако забележало дека не е во нивниот стан.
„Отидов да земам ручек во кафуле и да се опуштам. Исцрпена сум по вчера,“ му напишала таа.
Тој одговорил: „Требаше да ми кажеш lol, но добро. Се надевам дека ќе уживаш :).“
Неколку моменти подоцна, ја замолил да му испрати фотографија од кафето, најверојатно за да потврди дека навистина е во кафуле.
„Изгледа вкусно,“ рекол тој, а таа одговорила: „Го исклучувам телефонот за да пишувам дневник.“
Потоа момчето ѝ предложило наместо тоа да го стави телефонот во авионски режим.

5.400 коментари се фатија за зборот „дозволи“
Објавата на девојката привлече повеке од 5.400 коментари, а многумина го проблематизираа начинот на кој таа го употреби зборот „дозволи“.
„Што значи тоа дека тој не ти ‘дозволил’ да го исклучиш телефонот? Исклучи го телефонот ако сакаш. Штом почнеш да велиш ‘дозволи’ во врска, готово е. Идејата да контролираш друго човечко суштество со слободна волја е апсолутно луда за мене,“ тврди еден коментатор.
„‘Дозволи’ е црвено знаме,“ рече друг.
„Бев таму, го поминав тоа – само ќе стане многу полошо“
Десетици луѓе ја повикаа девојката да замине пред да биде предоцна.
„Бев таму, го поминав тоа – само ќе стане многу полошо. Се надевам дека ќе побегне на другата страна. Тоа беше големо црвено знаме! Жал ми е што морам да го кажам ова, но можеби веќе е небезбедно да замине онака отворено и лежерно како што би можело во нормална врска,“ рече еден корисник.
„Знаеш дека ја побарал фотографијата од пијалакот само за да провери дали таа навистина е таму каде што вели дека е. Црвено знаме,“ предложи некој друг.
Други и порачаа дека можеби е во поконтролирачка врска отколку што сфаќа и дека треба да им се обрати на луѓе за помош.
Што мислите вие? Оставете коментар.

Коментирај анонимно