Од појадок до брз ручек: Овие 5 органски dmBio производи се за деновите кога немате време за комплицирање
„Влегов во dm по овесните снегулки.“ Звучи како едноставен план за брз шопинг, сè додека покрај снегулките во кошничката не завршат уште неколку производи од dm марката dmBio. А кога станува збор за органски производи со разновидна примена, кои може да се најдат по секогаш поволни цени во dm, лесно е „само по едно“ да се претвори во пет производи во кошничката.

Токму dmBio нуди избор на органски производи кои едноставно може да се вклопат во различни моменти од денот – од овесни снегулки, путер од кикиритки и мелено ленено семе за утринските комбинации, до овесен напиток за кафе и песто за брз ручек. Така, една кратка посета на dm по овесни снегулки завршува со пет органски dmBio производи, секој со своја улога во секојдневното мени – особено во оние денови кога сакате нешто практично, вкусно и едноставно за подготовка.
View this post on Instagram
Први на листата се dmBio овесните снегулки, 500 г – или, како што вели видеото, „за оние утра кога сакам да изгледа како да си го имам животот под контрола“. Направени се од цело зрно овес од органско производство, богати се со растителни влакна и протеини и се погодни за веганска исхрана. Може да се користат за подготовка на класична овесна каша и мусли, но и за колачиња и различни солени рецепти.
А кога веќе има овесна каша, следниот логичен чекор е dmBio путерот од кикиритки, 250 г – „за во каша со банана или директно од теглата, да не се лажеме“. Направен е од 100% кикирики од органско производство, кои се бланширани, нежно печени и мелени. Кремастата текстура и јаткастиот вкус го прават погоден како намаз, но и како додаток во сосови, преливи и различни јадења.
Во комбинацијата за појадок се приклучува и dmBio меленото ленено семе, 400 г, кое потекнува од органско производство, богато е со растителни влакна и омега-3 масни киселини и е вегански производ. Благодарение на разновидната примена, лесно може да стане дел од секојдневниот појадок, но може да се користи и при готвење и печење. Или, како што гласи објаснувањето во видеото – за брз и лесен појадок, особено во деновите кога сакате да имате избалансирана исхрана.
А што кога појадокот е решен, но за ручек има „десет минути и нула идеи“? Тогаш во приказната влегува dmBio веганското песто Basilico со маслиново масло и пињоли, 120 г. Произведено е според традиционална рецептура во италијански семеен погон, а комбинацијата од ароматичен босилек, екстра девствено маслиново масло и 4% пињоли му дава препознатлив вкус, дополнет со нежна нота на лимон. Може да се комбинира со тестенини и брускети или да се користи за збогатување различни сосови.
Петтиот производ е dmBio NATUR напитокот од овес, 1 л – задолжителниот придружник на утринското кафе во оваа кошничка. Направен е од цело зрно и е со сертифицирано органско производство, а се одликува со благ и пријатен вкус. Вегански е и без лактоза, а покрај со кафе, може да се комбинира со мусли и смути или да се користи при готвење и печење.
И така, планот „само по овесни снегулки“ завршува со пет dmBio производи во кошничката – за појадок, кафе, брз ручек и уште неколку идеи за секојдневното мени. Но, технички гледано, задачата е исполнета – овесните снегулки навистина се купени.

Коментирај анонимно