Кавадарчани, сега му е мајката за бесплатна групна венчавка во Кавадарци
Повардарската епархија и годинава организира бесплатна групна венчавка за брачни парови кои досега не го крунисале својот брак во црква. Повикот е наменет за сите сопружници што сакаат својот брачен завет да го потврдат и преку Светата Тајна Брак.
На 15 ноември 2026 во храмот „Св. вмч. Димитриј“ почетокот е закажан во 12 часот
Венчавката ќе се одржи во Кавадарци, во храмот „Св. вмч. Димитриј“. Организирањето на групната венчавка е благословено од митрополитот Повардарски Агатангел, со што настанот добива црковна потврда и значење за паровите што ќе се пријават.

Пријавувањето е во двата кавадаречки храма или кај протоереј Саше Ристов на 070/392-022
Заинтересираните брачни парови можат да се пријават во храмовите „Св. вмч. Димитриј“ и „Св. Петка“ во Кавадарци. Лице за контакт е протоереј Саше Ристов. Од Повардарската епархија ги повикуваат брачните парови кои досега не ја примиле Светата Тајна Брак да се пријават и да го направат овој чекор.



Коментирај анонимно