Плавуша со необично милениче налетала на тип со три питбули (виц)

Плавуша вдомила некое необично животно. Бидејќи било многу влакнесто, решила убаво да го истриже, му го дала името Џеки и го однела на прошетка.

Додека шетала, налетала на еден тип со три питбули. Типот почнал да ѝ се смее на нејзиното чудно милениче, па ѝ предложил да се обложат дека неговото куче ќе го победи Џеки.

Плавушата прифатила и викнала:

– Држ’ го, Џеки!

Џеки го средил питбулот за две секунди.

Типот не можел да поверува што гледа, па го пуштил второто куче.

– Е, овој ми е европски шампион! Ај да те видам сега!

– Држ’ го, Џеки!

Џеки го средил и вториот питбул како од шега.

Типот веќе почнал да си ја кубе косата.

– Е, сега ќе видиш! Овој ми е светски шампион! Ќе ти го направи кучето партали!

Плавушата мирно повторила:

– Држ’ го, Џеки!

Џеки го средил и третиот питбул за неколку секунди.

Типот, целиот избезумен, ја прашал:

– Абе, девојко, кажи ми, каква раса е ова твое куче?!

Плавушата му одговорила:

– Абе, појма немам! Јас го викам Џеки, ама пред да го истрижам, во зоолошката градина го викаа ЛАВ!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *