Кога ќе им го расипеш раатот на рибарите (виц)

На брегот на едно езеро стои група рибари и мирно си ловат риба. Тишина, природа, раат…

Одеднаш поминува моторен чамец со скијач на вода и им го растура целиот мир. Рибарите негодуваат, ама по некое време повторно продолжуваат да си ловат.

Не поминува долго – истиот скијач повторно прелетува покрај брегот, им ги заплеткува најлоните и им ја растерува рибата.

Третиот пат кога поминал, еден од изнервираните рибари фрлил шише пиво кон него и го погодил право во глава. Скијачот веднаш потонал.

Рибарите се вознемириле:

– Каков и да беше, не требаше баш да го убиеме!

Скокнале во водата, го пронашле и го извлекле на брегот.

Настанал молк. Кој ќе му даде прва помош и вештачко дишење?

Еден се охрабрил и почнал да му дава воздух уста на уста, ама по два-три обиди одеднаш станал и рекол:

– Не, не, не можам…

Друг му пришол:

– Ајде бе, не се лигави, ќе умре човекот!

Почнал и тој да му дава вештачко дишење, но по пет-шест обиди се свртел настрана и почнал да повраќа.

Дошол и трет, неволно се наведнал да проба, ама и тој веднаш позеленел.

Тогаш четвртиот добро го погледнал човекот и извикал:

– Еј, луѓе, престанете! Овој не е нашиот! Нашиот имаше скии!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *