„Никој не ме предупреди на ова кога се иселив од Македонија“: Маја по 11 години живот во Германија зборува за другата страна на животот во странство
После 11 години живот во Германија, Маја зборува за работите за кои, како што вели, никој не ја предупредил кога се иселила од Македонија. Нејзината поента не е дека Македонија е подобра од странство или обратно, туку дека реалноста е многу покомплексна од таа поделба.
„После 11 години живот во Германија, мислам дека вистината е многу покомплексна од тоа“, вели таа.
„Македонија или странство?“ – бесплатен вебинар на 7 октомври
На оваа тема Маја организира и бесплатен онлајн вебинар „Македонија или странство?“, за сите што размислуваат дали да останат, да заминат, да се вратат или едноставно подобро да живеат таму каде што се.
Вебинарот ќе се одржи на 7 октомври, од 19:00 до 21:00 часот, а ќе се зборува за тоа што реално добиваме и губиме со преселбата, што идеализираме кај животот „од другата страна“ и што ниту една држава не може да го реши наместо нас.
Ако да видите како да се пријавите на бесплатниот вебинар пишете коментар на нејзиното видео. Тоа можете да го направите ТУКА.

Коментирај анонимно