X

До каде отиде лудилото за кликови: Инфлуенсери си прават фотосесија во брза помош додека пациент чека на носилка

Требало да ги лекуваат од терминална глупавост. Калифорниски инфлуенсери станаа мета на потсмев на интернет откако беа снимени како си прават фотосесија во возило на брза помош додека пациент добивал медицинска помош. На снимката, која масовно се прошири на TikTok и Reddit, се гледа маж во бела облека како позира на носилка со цигара во устата, додека неговата придружничка го фотографира.

До каде отиде лудилото за кликови: Инфлуенсери си прават фотосесија во брза помош додека пациент чека на носилка

Додека болничарите подготвувале пациент за транспорт, фотосесијата продолжила покрај возилото

Во близина се гледаат болничари како подготвуваат пациент за пренесување.
Згрозен од непромисленото снимање на овие луѓе, случаен минувач им приоѓа на опортунистите и физички ги турка подалеку од местото, по што тие почнуваат да протестираат.
Откако патот конечно бил расчистен, екипата го внесува пациентот во возилото на брза помош.

Додека болничарите подготвувале пациент за транспорт, фотосесијата продолжила покрај возилото

„Да престанеме да го користиме зборот ‘инфлуенсер’ и да го замениме со ‘кретен’?“

Корисниците на социјалните мрежи биле згрозени од фотосесијата во толку несоодветен момент. „Може ли да престанеме да го користиме зборот ‘инфлуенсер’ и да го замениме со ‘кретен’ или нешто слично?“, предложи еден корисник на Reddit.
Друг напиша: „Уште полошо е чувството дека сè им е дозволено – воопшто не ги потресува тоа што некој на носилка се обидува да влезе во амбулантното возило, кое, патем, е возило за итни случаи…“

 

Казната во Калифорнија може да биде 1.000 долари или до една година затвор

Освен што е неверојатно глупав, ваквиот потег може да биде и незаконски.
Според член 148(a)(1) од Кривичниот законик на Калифорнија, секој што намерно го одложува или попречува полицаец или службеник за итна помош при извршување на неговите должности може да одговара за прекршок. За такво дело е предвидена парична казна до 1.000 долари, затворска казна до една година или двете.
Сепак, и покрај тоа што интернетот одамна е навикнат на инфлуенсерски испади без грам памет, за многумина ова било премногу неверојатно за да биде вистина.
„Ова сигурно мора да е наместено“, напишал еден корисник. Друг се надоврзал: „Мора да е. За мое ментално здравје, мора да е.“ 😂

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *