X

Отишол Македонец во Германија (виц)

Отишол Македонец во Германија. Бидејќи не му се работело баш многу, седнал на улица и почнал да проси. Поминувале луѓе, некој ќе му оставел ситно, некој евро, некој пет.

По некое време забележал еден Германец кој секое утро поминувал покрај него и му оставал по 50 евра.

Така траело некое време, ама човекот почнал да доаѓа сè поретко. А кога ќе дојдел, наместо 50, му оставал по 20 евра.

Трпел Македонецот, трпел, ама еден ден не издржал:

– Добро бе, што ти стана? Порано секој ден ми оставаше по 50 евра, а сега ем ретко доаѓаш, ем само по 20 ми даваш?

– Ех, знаеш како е… Жена, мали деца, а сега почнав и куќа да градам…

Македонецот го погледнал налутено:

– А бе, ти преку мој грб куќа ќе градиш?!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *