Македонска делегација во Пекинг (виц)
Во Собранието на Македонија била донесена одлука дека треба да се зајакне „билатералната соработка меѓу пријателските, братски, иако просторно оддалечени, сепак блиски македонски и кинески народи…“
Била избрана делегација која добила задача да отпатува во Пекинг и да воспостави контакт. Таму биле примени од кинеските претставници.
– Сметаме дека соработката меѓу нашите два народа би била од големо заемно значење и…
– Извинете што ве прекинувам, ама кои сте вие?
– Ние сме Македонци.
– Добро, а од каде доаѓате?
– Од Македонија.
– А каде е тоа?
– На Балканот.
– А колку ве има?
– Околу два милиони.
– А во кој хотел сте сместени?


Коментирај анонимно