Кај будалава што работи на жичарницата нема премислување, ако еднаш те намести, ќе скокаш во бездната и оро ќе играш
Туристка во Дагестан се обидува да се откаже од спуштање со зиплајн над кањонот Сулак, но вработен ја удира по нозете и ја турка преку работ. Додека таа исплашено вреска за време на спуштањето, во позадина се слушаат насмеани вработени.
Видеото предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, особено поради бруталното однесување на персоналот. Ова не е прв ваков случај во регионот. Претходно, друга туристка била турната од истата платформа, а подоцна ѝ била дијагностицирана повреда на ‘рбетниот мозок, по што имала и епизоди на парализа.
Зиплајн-операторите во Дагестан и претходно предизвикаа скандал, откако за рекламна акција врзале магаре на кабелот и го пуштиле да се спушта над кањонот.

Коментирај анонимно