Хаос во Приштина: Демонстранти го фрлија косовскиот пратеник преку ограда (видео)
Тензична сцена пред Собранието на Косово во Приштина, каде протестот во еден момент прераснал во физички инцидент. Демонстрантите, кои барале пратениците да останат во парламентот и да се изјаснат за законските измени поврзани со Специјализираните совети и обвинителството во Хаг, се обидувале да го спречат нивното заминување.
На снимката што се шири на социјалните мрежи се гледа како пратеникот Фахруш Реџепи завршува од другата страна на заштитната ограда, по што интервенирала и полицијата за да спречи дополнителна ескалација.

Коментирај анонимно