X

По огромниот интерес следува второ издание на „dm bring your best friend“ во Маврово: Билетите се пуштени во продажба

Некои искуства едноставно бараат реприза. По огромниот интерес за првиот „dm bring your best friend“ и бројните барања за нова можност за учество, dm drogerie markt организира второ издание на настанот, кое ќе се одржи на 24 и 25 октомври во хотел „Grand Chamois“ во Маврово. Концептот останува ист – два дена посветени на женското здравје, грижата за себе, личниот развој, движењето, креативноста и забавата, споделени со најдобрата пријателка. Билетот чини 5.990 денари и важи за две лица, при што едно лице може да купи една влезница. Билетите се достапни преку karti.com.mk, а бројот на места е ограничен. Ова е нова можност за сите оние кои сакаа, но не успеаја да бидат дел од првото издание на „dm bring your best friend“.

 

И овојпат учесничките ги очекува дводневна програма во која стручните разговори се менуваат со практични работилници, активности и време за одмор. Првиот ден ќе започне со заеднички појадок, запознавање и забавна игра, по што следува предавањето „Мистиката на женската енергија“ со Катерина Ангеловска, посветено на внатрешната рамнотежа, присутноста, телото, интуицијата, креативноста и внатрешната сила.

Потоа, женското здравје ќе биде во фокусот на предавањето „Четири годишни времиња на жената – Хормоните низ животниот циклус“ со д-р Александар Бојаџиев, специјалист по гинекологија и акушерство. Разговорот ќе го следи женскиот животен циклус низ различните фази – од созревањето, љубовта, сексуалноста и партнерството, преку бременоста и мајчинството, до перименопаузата, менопаузата и зрелата возраст.

Попладневниот дел носи и „Направи сам“ креативни работилници, на кои учесничките ќе изработуваат нараквици, балсам за усни и свеќа. Следува и панел-дискусијата „Женското тело секогаш има што да ни каже. Дали го слушаме?“, со Тијана Дапчевиќ, Александра Гаќидев и Катерина Ангеловска, а модератор ќе биде Данче Азманова Мирчевска. Во фокусот ќе биде препознавањето на сопствениот „код“ – внатрешниот глас, физичките сигнали и потребите на телото низ различните животни патишта. Во програмата повторно има простор и за спа, масажа и одмор, а првиот ден ќе заврши со вечера и стендап настапот „Менопауза“ на Тијана Дапчевиќ.

Вториот ден започнува активно, со избор меѓу утринска јога со Билјана Пешева и фитнес со Мартин Видоевски, а продолжува со јога за лице со Невена – Нена Јоновска. Потоа следува предавањето „Самодоверба – твојата вредност не се мери со туѓите очекувања“ со психологот Бојана Стојменовиќ Петровска, со отворен разговор за разликата меѓу самодовербата, потребата за туѓо одобрување и стремежот кон совршенство.

Програмата продолжува со предавање и практична работилница за здрава исхрана со Елена Бубало, посветена на тоа како исхраната и физичката активност го поддржуваат женското здравје.

Дводневното искуство ќе го заокружи „beauty“ делот со професионалната шминкерка и стилист за коса Андријана Митовска, која преку предавањето „Научи да го истакнеш најубавото од себе“ ќе сподели практични совети за секојдневен изглед со откривање на корисни трикови. Покрај богатата програма, секоја учесничка ќе добие и подарок-торба со производи од Neutrogena, Purito, bioten, AURA, CATRICE, essence, flormar, CURAPROX, hello smile, Violeta, WILKINSON, BOROTALCO, Geek&Gorgeous, it’s a 10, KATIVA, MALENA SUPLEMENTS, MyHOCL, ORGANIC MiMi и Balea.

Целосната агенда за двата дена, со сите предавања, работилници и активности, може да ја погледнете на следниот линк

На 24 и 25 октомври, хотел „Grand Chamois“ во Маврово повторно ќе стане место за два дена надвор од секојдневната рутина – исполнети со разговори, движење, креативност, релаксација, смеа и време со најдобрата пријателка. На ваше барање, „dm bring your best friend“ се враќа со истото дводневно искуство и уште една можност да го споделите со личноста со која најмногу сакате да создавате спомени.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *