X

Бин Ладен стигнува во пеколот (виц)

Стигнува Бин Ладен во пеколот, а ѓаволот му вели:

– Овде ти е судено да останеш, ама бидејќи сме преполни, ќе ти дадам да избереш со кого сакаш да си го замениш местото.

Ја отвора првата врата – внатре Џорџ Буш плива без престан, а штом ќе запре, демони го потопуваат под вода.

Бин Ладен гледа и вели:

– Не, не, јас не сум баш по пливањето. Нека си остане Буш.

Ја отвора ѓаволот втората врата – таму Тони Блер крши камења, а колку повеќе крши, толку повеќе му носат.

– Ни ова не е за мене, имам проблеми со грбот. Нека си остане Блер.

Ја отвораат третата врата – внатре Бил Клинтон е врзан за кревет, а Моника Левински е со него во многу компромитирачка ситуација.

Бин Ладен веднаш се насмевнува:

– Е, ова веќе може! Ќе се менувам со него!

А ѓаволот вели:

– Добро тогаш… Моника, слободна си!

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *