Финска му нареди на Google да ја запре изградбата на нови центри за податоци откако изведувачи исекле 330 хектари заштитена шума
Технолошки проект вреден 15 милијарди долари во Финска се најде под силен притисок откако властите откриле дека изведувачи поврзани со Google исекле околу 330 хектари шуми под државна заштита, навидум без дозвола.

Содржина:
Финските власти наредија итен прекин на подготовките за изградба
Според француската новинска агенција AFP, финската надзорна агенција LVV ѝ наредила на компанијата Tuike Finland Oy, поврзана со Google, веднаш да ги запре сите активности што би можеле значително да влијаат врз животната средина. Одлуката се однесува на два планирани центри за податоци во северна Финска, во општините Мухос и Кајаани, каде што подготовките за изградба веќе зафатиле и природни подрачја под заштита.

Исечени 330 хектари шума без потребната документација
Најголемиот проблем е откриен во Мухос, каде што изведувачите ангажирани за проектот на Google целосно исекле околу 330 хектари шума, без претходно да ја спроведат задолжителната проценка за влијанието врз животната средина. Оваа постапка е неопходна за да се добие одобрение за вакви градежни активности.
Дополнително, во Кајаани биле расчистени уште 200 хектари земјиште за изградба на друг центар за податоци. Засега не е познато дали за овие активности компанијата имала дозвола од надлежните институции.

Google има малку повеќе од една седмица да обjасни што се случило
Како што обjави Guardian, Google има нешто повеќе од една седмица за да им ги обjасни своите постапки на финските службеници. Иако владината проверка штотуку започнува, технолошкиот гигант веќе изразува каење.
Во изjава за AFP, портпаролот на Google, Сонре Ронандер, призна дека компаниjата погрешила, велеjќи: „ги разбираме загриженостите и во овоj случаj не ги исполнивме нашите сопствени високи стандарди.“
„Ќе ги проучиме наодите на LVV и ќе го следиме нивното упатство,“ продолжи Ронандер.

Не биле исечени само дрвјата: Изградени се и патишта, а менуван е и природниот терен
Томи Муилу, раководител на одделот за животна средина во финската надзорна агенција LVV, за AFP изјавил дека штетата не се ограничува само на сечењето на шумите. Според него, при подготовките за изградба бил отстранет и површинскиот слој на почвата, биле изградени патишта и простори за складирање материјали, а биле изменети и постојните водни канали.
Реагирале и од Финското здружение за заштита на природата, чиј претседател предупредил дека со градежните активности биле уништени природни подрачја што требало да останат зачувани.

Коментирај анонимно