Драги мамо и тато, супер си поминуваме! – писмо од кампување што секој родител би го извадило од памет (виц)

Драги мамо и тато,
Прекрасно си поминуваме на нашето прво кампување. Чичко Тома нè тера да им пишуваме на родителите, во случај да сте ја виделе поплавата на телевизија. Ние сме добро. Само еден шатор и две вреќи за спиење ги однесе водата. За среќа, никој не се удави затоа што сите бевме во планината и го баравме Перица. Да им кажете на неговите родители дека Перица е добро. Не може самиот да им пишува поради скршеницата.
Инаку, јас се возев во еден од спасувачките џипови. Баш беше убаво. Перица никогаш немаше да го најдеме во темница да не беше молњата. Чичко Тома му се развика на Перица затоа што отишол сам во планината без никому да каже. Перица вели дека му кажал додека траел пожарот. Веројатно чичко Тома не го слушнал затоа што бил пијан.
Знаете ли дека кога ќе ставиш плин во оган, тој експлодира? А дури и по тоа, влажните дрва никако не сакаа да горат, но затоа изгоре еден шатор. И моите панталони, ама имам бермуди. А Дуле сега е баш смешен без коса.
Ќе си дојдеме дома во недела ако чичко Тома ги поправи колите дотогаш. Не беше негова вина што излетаа од патот, вели дека сопирачките работеле кога тргнавме. Чичко Тома вели дека колите се толку стари што не е ни чудо што постојано се расипуваат. Нам ни е забавно да се возиме во нив, иако малку ни пречи што се прилично валкани и што седиштата немаат појаси. Убаво е и тоа што чичко Тома понекогаш ни дозволува ние да го држиме воланот за тој да може да ги одмори очите.
Бидејќи Никола е најстар, чичко Тома го учи да вози, но само по планинските патишта каде што нема многу сообраќај. Единствените работи што ги видовме на тие патишта беа камиони, трактори и коли.
Утрово сите отидоа да се капат во езерото, ама мене чичко Тома не сакаше да ме пушти бидејќи не знам да пливам, па со него со чамец го преминав езерото. Баш беше убаво. Уште носам елек за спасување од вчера поради поплавата. Чичко Тома е баш супер, никогаш не ни се дере. Не се налути ни кога ги извадивме елеците за спасување.
Бидејќи мора да ја поправи колата, ние се трудиме да не му правиме проблеми и се криеме цел ден. Чичко Тома никогаш не може да нè најде. На почетокот му пречеше, ама сега веќе се навикна.
Чичко Тома вели дека сите сме поминале основен курс по прва помош кога Јована се онесвести и кога Иван сечеше дрва, па си го пресече прстот. Јас и Ѓоле повраќавме, ама чичко Тома вели дека тоа е затоа што сме јаделе пилешко што го понесовме од дома, а заборавивме веднаш да го изедеме. Се сетивме дури кога животните го пронајдоа.
Морам сега да одам, ќе одиме до селото да украдеме марки за писмата, бидејќи немаме пари. Ништо не грижете се, јас сум добро.
П.С. Чичко Тома ми рече да ве прашам дали сум примил вакцина против тетанус? Што е тоа тетанус?

Коментирај анонимно