„Нема друг датум“: Пасторот кој го промаши пророштвото за Вознесението тврди дека светот сега ќе заврши на 12 или 13 октомври
Крајот на светот е одложен.
Јужноафриканскиот пастор Џошуа Мхлакела, кој претходно ја најавуваше апокалипсата за 23 септември, сега тврди дека библискиот настан ќе се случи на почетокот на следната недела, објави Daily Mail.
Според неговото толкување на Новиот завет, Вознесението е моментот кога Исус ќе ги одведе своите верници во рајот, означувајки го крајот на човештвото.
„Бог ми рече дека нема друг датум, од 12 до 13 октомври, што е вистинскиот празник на трубите, кога ќе се сретнам со мојот спасител лице в лице при Вознесението“, рече самопрогласениот пророк во видео на YouTube.
Содржина:
На 17 септември инсистираше дека тоа е „конечниот датум“
Откако неговата претходна небесна прогноза не се оствари, Мхлакела го смени толкувањето на светото писмо. Само неколку дена пред пропаднатиот датум, тој упорно тврдеше дека 23 септември е моментот што не може да се помести.
За неговите следбеници, тоа не било само уште едно видео на интернет. Многумина наводно му поверувале слепо, напуштиле работа и ги продале своите куќи и автомобили во очекување на Армагедон.
„Не отидов на испити затоа што [мислев] дека повеќе не е важно“, напиша една разочарана верничка на TikTok со емоџи што плаче — само еден ден откако сфатила дека апокалипсата нема да се случи. „Погледнете ме сега.“

Следбениците рекоа дека се измамени од човекот што тврдеше дека му се јавиле и Бог и Исус
Верниците наводно се почувствувале измамени од таканаречениот посредник на Месијата. Мхлакела тврдеше дека и Бог и Исус му се јавиле во виденија за да го информираат кога ќе се случи Вознесението и како ќе изгледа Судниот ден и второто доагање на Христос.
Сепак, тој не ја претставува новата временска рамка како грешка, туку како ново видение. Според него, Спасителот му открил дека судбоносниот момент ќе се случи подоцна.
Мхлакела рече дека неговото претходно претскажување било утнато за околу еден месец бидејки прославата на Пасха се одвивала под астролошкиот знак Риби. Тој инсистираше дека „вистинската“ пасха ќе се случи кога сонцето е во Овен, исто како во библиската приказна за Егзодусот која го опишува заминувањето на Израелците од Египет. Ова му овозможило да ја помести небесната временска граница за октомври.

Библиски експерти велат дека сонцето не било во Овен за време на Егзодусот
Како што истакнаа многу библиски експерти, сонцето не било во Овен за време на библискиот Егзодус. Во меѓувреме, други верници постојано го обвинуваат Мхлакела за шарлатанство.
Минатиот септември, проповедникот на YouTube, Владимир Савчук, изјави дека „ако некој одредува датум [за Вознесението], тој директно му противречи на зборот на Исус“.
Еден теолог на YouTube се пошегува дека јужноафриканскиот гледач најверојатно е во право со оглед на тоа што „Библијата вели дека ќе се појават лажни пророци кога ќе наближи времето“.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Коментирај анонимно