Со огномети и петарди го пречекаа Артан Груби од затвор
Со огномет, петарди и запалени факели, десетици поддржувачи го пречекаа поранешниот вицепремиер Артан Груби во скопски Чаир на 13 октомври. Груби излезе од куќен притвор откако истече законскиот рок за оваа мерка. Тој е обвинет во случајот „Државна лотарија“, поврзан со наводни злоупотреби од околу 9,7 милиони евра. Иако повеќе не е во куќен притвор, судската постапка продолжува, пасошот не му е вратен и не смее да го напушта Скопје.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно