Повторно забележана мечка кај училиштето во гостиварското село Добри Дол

Жителите на Добри Дол, гостиварско, во Општина Врапчиште, се вознемирени откако мечка по вторпат била забележана на улицата во близина на основното училиште „Сали Лиси“. Според информациите што ги пренесуваат локалните жители, присуството на дивото животно е регистрирано и на снимки од безбедносните камери. Повторното појавување на мечката во истото подрачје предизвикува загриженост, особено поради близината на училиштето и движењето на децата и жителите.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *