Ова се најдобрите намирници за намалување на маснотиите на стомакот и заштита на здравјето на срцето

Внесувањето на неколку хранливи основни намирници во исхраната може да помогне во намалувањето на маснотиите на стомакот и, за возврат, да доведе до суштински здравствени придобивки.
Вишокот маснотии околу пределот на стомакот може да биде показател за висцерални маснотии, кои се наоѓаат длабоко во внатрешноста на стомачната празнина и се поврзани со повеќе здравствени проблеми.
Лицата со прекумерна тежина и со вишок маснотии околу струкот имаат тенденција да бидат изложени на поголем ризик од срцев удар и мозочен удар, изјави за „Фокс њуз дигитал“ д-р Мајкл Азиз, интернист од Њујорк.
Генетиката секако придонесува за дебелината, призна Азиз, но луѓето можат да ја променат својата „генетска судбина“ со правење здрави избори, како што се урамнотежената исхрана и редовното вежбање.

Ова се најдобрите намирници за намалување на маснотиите на стомакот и заштита на здравјето на срцето

Пилешки гради и јајца да, но Азиз предупредува дека премногу протеини носат ризик

Следуваат препораките на Азиз за намирници кои можат да помогнат во победувањето на стомачните маснотии и олеснувањето на поздравиот начин на живот.
Изворите на посни протеини, како што се пилешките гради и јајцата, имаат малку калории, но сепак пружаат чувство на ситост.
Некои истражувања покажаа дека исхраната богата со протеини може да помогне во согорувањето дополнителни калории, рече Азиз, но внесувањето премногу протеини може да го зголеми ризикот од појава на камења во бубрезите, срцев удар и мозочен удар.
„Генерално, црвените меса, како говедското, свинското и јагнешкото месо, содржат повеќе заситени масти отколку пилешкото месо без кожа, рибата и растителните протеини“, според Американското здружение за срце. „Заситените масти можат да го зголемат холестеролот во крвта и да го зголемат ризикот од срцеви заболувања“.
Едамамето, темпехот и тофуто се одлични опции без месо кои се уште содржат голема количина протеини, според медицинскиот центар „Џонс Хопкинс“.

Пилешки гради и јајца да, но Азиз предупредува дека премногу протеини носат ризик

Марула, свежи салати и бобинки како антиинфламаторна основа на чинијата

Оние што се обидуваат да ги намалат маснотиите на стомакот треба да ги наполнат своите чинии со зеленчук кој е нискокалоричен и полн со растителни влакна, вели Азиз.
Марулата и свежите салати обично се паметен избор, а додавањето посни протеини и здрави масти може да создаде заокружен и заситувачки оброк.
Азиз исто така препорачува јадење антиинфламаторно овошје со ниска содржина на шеќер, како што се шумските плодови и бобинките.
Медицинскиот факултет на Харвард ги наведува јаболката, цитрусните овошја и коскестото овошје, како црешите и праските, како други антиинфламаторни опции, истакнувајќи ја нивната содржина на витамин Ц и растителни влакна.

Марула, свежи салати и бобинки како антиинфламаторна основа на чинијата

„Со децении ни велеа да ги избегнуваме мастите“, но Азиз советува малку масти со секој оброк

„Мастите се многу важен фактор во процесот на слабеење“, изјави Азиз за „Фокс њуз дигитал“. „Со децении ни велеа да ги избегнуваме мастите и да следиме исхрана со малку маснотии, но многу масти се всушност добри за нас“.
Тој препорачува консумирање малку масти со секој оброк за да се почувствува поголема ситост додека се внесува помалку храна.
Мононезаситените масти можат да поттикнат чувство на ситост и се наоѓаат во намирници како што се маслиновото масло, авокадото, оревите, путерот и сирењето.
Хидратацијата е исто така важна, па Азиз им препорачува на оние кои сакаат да ги стопат стомачните маснотии да пијат многу вода, додавајќи дека можат во исхраната умерено да вклучат и зелен чај и кафе, бидејќи кофеинот може да помогне во забрзувањето на метаболизмот.
Избегнувањето на рафинираните јаглехидрати и шеќерот исто така ќе помогне, вели Азиз, бидејќи тие можат да го зголемат холестеролот и не даваат долготрајно чувство на ситост.

„Со децении ни велеа да ги избегнуваме мастите“, но Азиз советува малку масти со секој оброк

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *