Во нашите црева се крие неочекуван сојузник против ракот: Научниците открија како бактериите му помагаат на имунитетот

Човечкиот гастроинтестинален тракт е неверојатно жив простор, населен со микроби што секодневно работат во наша корист. Тие учествуваат во ферментацијата на растителните влакна, влијаат врз чувството на ситост и, како што покажуваат новите истражувања, нивното дество не завршува во дигестивниот систем.
Цревната микрофлора, во која спаѓаат бактерии и квасци, веќе се поврзува со дијабетес, депресија и невроваскуларни заболувања. Сега вниманието на научниците е насочено кон една молекула создадена од стомачна бактерија, коа може да му даде поддршка на имунолошкиот систем во нападот врз туморите.

Во нашите црева се крие неочекуван сојузник против ракот: Научниците открија како бактериите му помагаат на имунитетот

Мајк Лу ја гледа врската меѓу микробните метаболити и туморските терапии

Откритието доаѓа од тим што истражува како супстанции создадени од цревните микроорганизми можат да влијаат врз имунитетот и терапевтскиот одговор.
„Резултатите претставуваат пример за начинот на кој метаболитите од цревната микрофлора можат да го променат метаболизмот и генската регулација на нашите клетки и на тој начин позитивно да влијаат врз ефикасноста на туморските терапии“, вели Мајк Лу, имунолог од Универзитетската болница во Вирцбург, Германија.

Бутиратот и валеријанската киселина ги препрограмираат CD8 Т-клетките кај глувци

Масните киселини со краток синџир се меѓу најкорисните молекули што се создаваат при ферментациата на влакната во цревата. Меѓу нив се ацетатите, бутиратите и валеријанската киселина, позната и како пентанска киселина, а тие се појавуваат само кај одредени бактерии.
Овие соединенија покажуваат поволни ефекти кај луѓето: помагаат во регулирањето на инсулинската резистенциа, холестеролот, па дури и апетитот.
Истражувачите откриле дека бутиратот и валеријанската киселина ја засилуваат антитуморната активност на цитотоксичните Т-клетки, познати како CD8, менувајќи го начинот на кој тие функционираат. Тоа првпат е експериментално демонстрирано кај лабораториски глувци.
„Кога масните киселини со краток синџир ги препрограмираат Т-клетките CD8, еден од резултатите е зголеменото производство на проинфламаторни и цитотоксични молекули“, објаснува Лу. „Успеавме да покажеме дека масната киселина со краток синџир бутират, а особено валеријанската киселина, можат да ја зголемат цитотоксичната активност на CD8 Т-клетките“.

Megasphaera massiliensis ги засилува цитокините во Т-убијците

Со помош на глувци, тимот утврдил дека одредени коменсални бактерии, кои живеат во симбиоза со домаќинот, создаваат валеријанска киселина. Една релативно ретка бактериа од човечката цревна микрофлора, наречена Megasphaera massiliensis, ги подобрува малите протеини наречени цитокини во Т-клетките убијци.
Токму тоа го зголемува нивниот капацитет да ги уништуваат туморските клетки. Кога научниците експериментирале со други бактерии што не произведуваат валеријанска киселина, не забележале ефект врз нивото на цитокините.
Ова откритие може да биде особено корисно кај терапиите што се потпираат на имунолошкиот систем во борбата против ракот.

Туморските клетки можат да им испратат сигнал на Т-клетките да ги поштедат

Некои туморски клетки носат протеини на својата површина. Тие можат да се врзат за протеините на Т-клетките и така да предизвикаат имунолошки контролен одговор, познат како контролна точка.
Таквиот сигнал им порачува на клетките убијци да ја поштедат својата цел, иако во овој случај целта е канцерогена клетка. Терапијата со инхибитори на имунолошки контролни точки функционира така што ги блокира овие контролни протеини, овозможувајки им на Т-клетките да ја завршат задачата и да ги уништат туморските клетки.

Конзорциум од 11 човечки бактериски соеви предизвикува силен CD8+ антитуморен имунитет

Авторите на трудот посочуваат дека не станува збор само за еден изолиран микроб, туку и за можност цревната микрофлора да се разгледува како комбинација што може да ја подобри ефикасноста на современите онколошки терапии.
„Конкретен конзорциум од 11 човечки бактериски соеви што живеат во симбиоза предизвикуваат силен CD8+ Т-клеточно посредуван антитуморен имунитет“, пишуваат авторите.
Ова значаjно откритие покажува дека соодветната комбинација на цревна микрофлора може да ја засили ефикасноста на терапиите со инхибитори на имунолошки контролни точки.
Истражувањето е објавено во научното списание „Nature Communications“. За сите што сакаат да дознаат повеке за најновите научни истражувања во онкологиата, советите за превенциа, современите методи на лекување и поддршката за пациентите, детални информации и стручни содржини се достапни на специјализираниот портал cancer.mk.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *