Да се потсетиме на бруталната искреност на Ведрана Рудан: „Жената е к*рва кога не раѓа, к*рва е и кога раѓа, а кога ќе умре…“
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан, која почина на 18 август 2026 година, по тешка борба со рак на жолчните канали, остана запаметена по својот остар јазик, црниот хумор и бруталната искреност. Без влакна на јазикот, таа со години зборуваше за општествените неправди, лицемерието и положбата на жените, не плашејќи се да предизвика бурни реакции.
Во оваа снимка од промоција на книга, Рудан на својот препознатлив, саркастичен начин објаснува како жената во очите на општеството е виновна што и да направи – без разлика дали раѓа, не раѓа, живее или умира. Да се потсетиме на една од нејзините изјави што совршено го отсликуваат нејзиниот бескомпромисен дух и хумор.

Коментирај анонимно