Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари со заплена вредна 30 милиони евра: Работниците биле држени во ропство

Словенечките власти открија огромна илегална фабрика за индустриско производство на цигари во индустриската зона Тримлини, во непосредна близина на градот Лендава и граничниот премин Петишовци.
Според словенечките медиуми, при акцијата е запленета тутун во вредност од околу 30 милиони евра.

Во Словенија откриена нелегална фабрика за цигари со заплена вредна 30 милиони евра: Работниците биле држени во ропство

Камионот запрен меѓу Лендава и Петишовци ја одвел полицијата до индустриската хала

Целата акција започнала кога инспектори од Финансиската управа на Словенија запреле товарен камион со сомнителен товар на локалниот пат.
Следејки ја трагата, полицијата извршила упад во индустриската хала. Внатре биле пронајдени софистицирани машини за производство и пакување фалсификувани цигари од светски брендови.

Најмалку 20 странски државjани повеќe од 25 дена не виделе дневна светлина

Во халата била затекната морничава слика на модерно ропство.
Пронајдени биле најмалку 20 странски државјани, за кои се претпоставува дека потекнуваат од Парагвај. Според нивните потресни сведоштва пред истражните органи, тие биле држени под постојан клуч, спиеле во импровизирани легла внатре во самата фабрика и повеќе од 25 дена воопшто не виделе дневна светлина.

Храната пристигнувала доцна навечер, а истрагата се проширува на трговија со луѓе

На работниците храната им била доставувана исклучиво доцна навечер. Тие, според истрагата, биле принудени на исцрпувачка деноноќна работа под закани од меѓународна криминална група.
Словенечката полиција потврди дека истрагата, освен за нелегално производство и даночно затајување, се води и за кривично дело трговија со луѓе. Постојат сомневања за директна поврзаност на организаторите со транснационални шверцерски мрежи.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *