Скопје 2028 започна, а ова се првите моменти од магијата
„Скопје 2028 – Европска престолнина на културата“ е проект чија цел е Скопје во 2028 година да се претстави како значаен европски културен центар. Преку концерти, изложби, фестивали, уметнички проекти и други културни настани, идејата е да се промовираат културното наследство, современата уметност и различностите на градот, но и да се поттикнат креативноста, туризмот и урбаниот развој.
Скопје ја доби оваа титула во 2023 година, а програмата предвидува соработка меѓу домашни и странски уметници, културни институции и граѓански организации. Дел од проектот е и финансирање културни иницијативи што ќе придонесат за развојот на градот и ќе остават трајни резултати и по 2028 година.

Коментирај анонимно