Затвори фабриката на „Кромберг и Шуберт“ во Украина, во Битола 2.000 нови работни места
Компанијата „Кромберг и Шуберт Украина“, производител на автомобилски кабелски инсталации со германски инвестиции, официјално ги прекина оперативните активности по руските воздушни напади врз нејзините производствени капацитети, соопшти компанијата.

Содржина:
„Работата на компанијата е прекината!“
„Наш апсолутен приоритет се безбедноста, животот и здравјето на секој вработен. Во моментов ја проценуваме ситуацијата и ги координираме сите понатамошни чекори“, се наведува во официјалното соопштение на раководството.
Брза реакција од Државната служба за вонредни состојби на Украина
Раководството на компанијата изрази искрена благодарност до Државната служба за вонредни состојби на Украина и до екипите за итни интервенции за нивната брза реакција и навремено преземените мерки за заштита на локацијата.
Битола добива проширување со делови за „Ауди“
Германскиот гигант „Кромберг и Шуберт“ има голем производствен капацитет и во Битола, каде што компанијата е значаен работодавач за целиот регион. Минатата недела беше официјално најавено проширување на производството во Битола со изработка на автомобилски делови за „Ауди“, како и отворање на нови 2.000 работни места.

Коментирај анонимно