„Пред вештачката интелигенција се знаеше кој е убав, а кој паметен“: Македонец со урнебесна објава за времето во кое сите станаа експерти за сè

Вештачката интелигенција очигледно не ни го промени само начинот на кој работиме, туку и начинот на кој се претставуваме пред другите. Совршени фотографии, беспрекорен изглед, паметни текстови и експерти за секоја можна тема – денес сè е на неколку клика од нас.

Токму на оваа тема се пошегува скопјанецот Мартин Јовановски, кој со своја објава на Фејсбук на духовит начин ги опиша промените што ги донесе вештачката интелигенција.

Мартин, кој е овластен сметководител и автор на книгата „Зошто јас? Мојата борба со стравовите и паничните напади“, често споделува размислувања за различни животни теми. Овојпат се осврна на светот во кој, благодарение на технологијата, секој може да изгледа совршено и да се претставува како експерт за што било.

Од фитнес тренери до политиколози – сите знаат сè

Во својата објава, Јовановски со иронија се потсетува на времето кога, како што вели, полесно можело да се препознае кој како изгледа, колку години има и што навистина знае.

Денес, забележува тој, со помош на вештачката интелигенција, истите луѓе наутро можат да бидат фитнес тренери, напладне дизајнери, попладне инфлуенсери, а навечер манекени. Покрај тоа, сите одеднаш стануваат и познавачи на политика, здравство и светски случувања.

Своето размислување го завршува со духовита порака:

„Ах, таа вештачка интелигенција, поубаво ни беше глупи. И грди“.

Неговата објава отвора и интересно прашање: дали вештачката интелигенција навистина ни помага да бидеме подобри или само ни овозможува полесно да се претставуваме како нешто што не сме?

Објавата во целост:

Пред вештачката интелигенција се знаеше кој е убав, кој е не толку убав, кој има големи, кој мали цицки, кој има брчки, кој колку години има, кој има целулит, кој е дебел, кој е неухранет…
Порано се знаеше кој е паметен, кој е така-не толку, се знаеше кој знае да зборува, кој знае да пишува, кој студирал, кој е писмен, кој е срамежлив, кој е среќен, кој несреќен, кој е чуден, каде давал Господ, каде не бил баш расположен за давање…
Денес е тотален хаос.
Сега секој може сѐ.
Сега од сабајле сите се фитнес тренери и јога мастери, на пладне дизајнери, попладне инфлуенсери, приквечер фотомодели и навечер манекени, барбики и манекенки.
И секако, преку ден колумнисти, политиколози и експерти за сѐ од војната во Украина, преку вакцините за морбили па сѐ до јагленот во РЕК Битола.
Ебате интелигенцијата, поубаво ни беше глупи.
И грди.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *