30.000 садници чекаат на сите нас! dm ве повикува на петтото масовно пошумување во Свети Николе – пријавете се до 10 ноември!

Компанијата dm drogerie markt и оваа година ги повикува граѓаните да ги здружат силите и да станат дел од традиционалната акција за масовно пошумување во рамки на проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“. На 22 ноември 2026 година, во селото Немањици, Свети Николе, ќе се одржи нова акција за пошумување, со која проектот ќе ја достигне бројката од 180.000 засадени дрвја ширум земјата од неговиот почеток. Пријавувањето е веќе отворено и трае до 10 ноември, односно до пополнување на предвидените места. Сите што сакаат да придонесат за позелена животна средина треба да се пријават преку следниот линк.

 

Проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ започна во 2022 година во скопско Миладиновци, а во изминатите години акциите за пошумување продолжија во близина на опсерваторијата Кокино, кај езерото Младост во Велес и во селото Калапетровци, во околината на Штип. Покрај масовните акции за пошумување, во рамки на проектот се реализираше и садење дрвја во градинки и училишта низ државата, со што иницијативата доби дополнителна димензија во создавањето позелена средина за најмладите. Проектот се реализира заедно со партнерите Македонско еколошко друштво (МЕД) и ЈП „Национални шуми“, со заеднички ангажман на вработените во dm и волонтерите кои од година во година се приклучуваат на акциите. Со претстојното пошумување во Свети Николе, оваа иницијатива продолжува да се шири на нови локации, обединувајќи ги сите што сакаат да дадат конкретен придонес за позелено утре.

Она што пред пет години започна како иницијатива за обновување и збогатување на зелените површини, денес прерасна во препознатлива традиција што ги обединува вработените во dm, волонтерите и граѓаните кои веруваат дека грижата за природата започнува со конкретни дела. Петта година по ред, проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ продолжува да ги поврзува луѓето околу иста цел – создавање позелена и поздрава животна средина.

Низ изминатите години, акциите за пошумување се одржуваа на различни локации низ Македонија, а секоја нова сезона носеше дополнителни садници и нови учесници подготвени да придонесат. Годинава, оваа зелена приказна продолжува во Свети Николе, каде што со засадувањето на новите 30.000 садници вкупната бројка ќе достигне 180.000 дрвја. Зад оваа бројка стојат години посветеност, заедничка работа и желба да се направи нешто добро за природата.

А најубавиот дел од оваа иницијатива е што секој може да биде дел од неа! Не е потребно претходно искуство со садење дрвја, туку само желба да се придонесе и подготвеност еден ден да се посвети на активност што има значење и за идните генерации. Пошумувањето е можност да се помине време на отворено, да се запознаат луѓе со слични вредности и, најважно, со сопствени раце да се направи конкретен чекор кон позелено утре.

Затоа, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на петтото издание на масовното пошумување и заедно да придонесат за остварување на годинашната цел. Без разлика дали ќе дојдете сами, со пријателите или со семејството, ова е можност да бидете дел од иницијатива што остава траен позитивен придонес за животната средина.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *