„Бегајте!“ Камерите под мразот на Антарктикот го снимиле „прстот на смртта“ – убива сè што ќе допре!
Под дебелиот мраз на Антарктикот постои свет што изгледа речиси нестварно. Морето таму обично е околу минус 2 Целзиусови степени, постабилно од суровата ледена површина над него, но токму во таа темна вода понекогаш се раѓа природен феномен што за морските суштества значи крај без бегство.

Содржина:
- Солта истисната од мразот создава шуплива цевка што тоне кон дното
- Кога ледениот столб го допира морското дно, замрзнувањето продолжува да се шири по површината
- Би-би-си ерт првпат го сними брајниклот во детали со специјализирани подводни камери
- „Буквално врескам пред екранот: ’БЕГАЈТЕ!‘“
- „Биологијата и природата се навистина фасцинантни“ остана заклучокот на гледачите
Солта истисната од мразот создава шуплива цевка што тоне кон дното
Станува збор за брајникл, леден сталактит кој поради застрашувачкиот изглед го носи прекарот „прст на смртта“. Името brinicle настанало со спојување на два англиски збора: brine, што значи солена вода, односно расол, и icicle, што означува леденица или мразулец.
Кога морската вода на површината замрзнува, солта се истиснува од кристалите на мразот и останува заробена во екстремно студена и многу концентрирана солена течност. Таа е погуста од околната морска вода, па брзо тоне. Во допир со помалку солената вода околу себе, веднаш предизвикува кристализација и замрзнување, создавајќи ледена цевка што постојано расте надолу.

Кога ледениот столб го допира морското дно, замрзнувањето продолжува да се шири по површината
На прв поглед изгледа како бавна ледена формација што се спушта од горната ледена плоча. Но во моментот кога ќе стигне до дното, процесот станува смртоносна стапица. Ледениот бран продолжува брзо да се движи по морското дно, заробувајќи и замрзнувајќи ги сите живи организми на кои ќе наиде.
Би-би-си ерт првпат го сними брајниклот во детали со специјализирани подводни камери
На снимката јасно се гледа како ледената творба незапирливо се спушта кон дното, додека десетици морски ѕвезди и други морски организми очајнички се обидуваат да побегнат од нејзиниот смртоносен пат.
Некои успеваат навреме да се спасат. Побавните остануваат засекогаш заробени и замрзнати во мразот. Токму таа сурова глетка ги потресе гледачите, кои во илјадници коментари опишуваа колку е необично и драматично да се гледа борба за опстанок во океанските длабочини.
„Буквално врескам пред екранот: ’БЕГАЈТЕ!‘“
Реакциите на публиката беа силни, токму затоа што сцената изгледа како предупредување од природата, а не како документарен кадар.
„Човече… да ги гледаш тие морски ѕвезди како се обидуваат да побегнат и да си ги ослободат краците навистина е морничаво“, напиша еден гледач.
Друг искоментира со хумор: „Сите бегајте!“, додека трет призна: „Буквално врескам пред екранот: ’БЕГАЈТЕ!‘“
Самиот изглед на формацијата предизвика нов бран реакции. Еден корисник ја опиша како „најзлокобното парче мраз што некогаш сум го видел во животот“.
„Биологијата и природата се навистина фасцинантни“ остана заклучокот на гледачите
Дел од публиката реагираше со страв, но други беа воодушевени од тоа колку невероватни сцени постојат на нашата планета.
„Биологијата и природата се навистина фасцинантни“, истакна еден коментатор.
Пофалби добија и снимателите, особено за јасноста и тежината на подводната фотографија. „Квалитетот на овие подводни снимки е едноставно неверојатен“, додаде уште еден воодушевен гледач.
Оригиналната снимка на брајниклот беше објавена на официјалниот канал на Би-би-си ерт како дел од прославениот документарен серијал „Големите сезони на Земјата“, а милионските прегледи и денес сведочат за фасцинацијата што ја предизвикува овој природен феномен.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно