„Ќерка ми се роди мртва, а потоа се случи чудо“: Русинка раскажа за хоророт на породувањето и бебето кое го нарекувале „дете дух“

Драмата што се одигра на родилната маса во германска клиника засекогаш го промени животот на младата руска блогерка и инфлуенсерка Алина Демина, која има 23 години. Нејзината керка Амелија е родена без отчукувања на срцето и без крв во организмот поради исклучително ретка компликација, а лекарите воделе лавовска борба за да го спасат новороденчето.
Денес Алина сама ја одгледува четиригодишната Амелија во Кина и одлучи јавно да ја сподели приказната за породувањето што во 39-тата недела од бременоста се претворило во борба за живот или смрт.

„Ќерка ми се роди мртва, а потоа се случи чудо“: Русинка раскажа за хоророт на породувањето и бебето кое го нарекувале „дете дух“

Во 39-тата недела, бебето престанало да се движи

Бременоста течела сосема уредно, без никакви симптоми или компликации. Но кога Алина забележала дека нешто се променило, родителите веднаш побрзале во болница. Таму следувале шок и итен царски рез.
– Мојата керка е родена без крв. Во 39-тата недела целата нејзина крв преминала во мојот крвоток преку папочната врвца. Аларм во целата болница во Германија, итен царски рез, а Амелија ја извлекуваат без крв, без отчукувања на срцето… Ваквите деца ги нарекуваат „деца-духови“. Бидејки во нив нема крв, кожата им станува проѕирна. Амелија е една од стоте преживеани на оваа планета со ваква приказна. Лекарите не даваа никакви гаранции, секунди одлучуваа… Таа денес има четири години. Преживеа и се избори. Сега го гледа овој свет со своите прекрасни зелени очи. Многу сакам оваа приказна да ја слушнат милиони – изјави Алина.

Дијагнозата што ја донеле подоцна била фето-мајчински трансфузиски синдром

Лекарите дури потоа утврдиле што се случило во организмот на бебето. Според зборовите на Алина, состојбата настапила ненадејно, без претходни знаци на предупредување.
– Тоа се случува сосема ненадејно, без ниту еден наговештај, од ништо не зависи и не може да се објасни. Во нашата соба носеа студенти, а лекарите велеа дека такво нешто се случува еднаш во неколку години и дека 90 проценти од таквите случаи завршуваат со трагедија – се присетува таа.

Пулс од 150 отчукувања во минута не ја открил целата опасност

Кога пристигнале во болницата, лекарите на почетокот се обидувале да помогнат со инфузија од гликоза. Во тие први моменти сè уште не знаеле што навистина се случува во организмот на детето.
– На почетокот срцето сè уште чукаше. По пристигнувањето во болница пулсот беше 150 отчукувања во минута, па лекарите немаа целосна слика ниту знаеја дека детето веке долго се бори за живот. Инфузиите со гликоза, секако, не помагаа.
Потоа пулсот почнал нагло да паѓа за време на контролниот ултразвучен преглед, пред очите на главниот лекар. Медицинскиот тим веднаш реагирал.

По 15 минути реанимација и трансфузија, срцето на Амелија повторно зачукало

Иако животот бил спасен, организмот на девојчето претрпел тешки оштетувања. На органите им било потребно време за да почнат да функционираат, а подоцна на Амелија и била дијагностицирана детска церебрална парализа.
Алина и Амелија веке три години живеат во Кина, каде што младата мајка е целосно посветена на рехабилитацијата на својата керка. Иако се разишла со таткото на девојчето, Алина се труди да води исполнет живот, па наога време и за излегувања и нови пријателства.

„Се изморив од докажување било што“

Откако Алина објави видео во кое зборува за рагањето на керката, во коментарите се разви жестока расправа. Одредени корисници тврдеа дека бебето не можело да се роди „сосема без крв“ и ги доведуваа во прашање нејзините наводи дека органите со денови не функционирале.
Алина им одговори без двоумење:
– Токму така беше. Родена е мртва, органите не функционираа неколку дена. Детето го реанимираа! Петнаесет минути масажа на срцето и дефибрилатор. Кога и дадоа крв и срцето проработи, органите уште неколку дена не работеа. Не одеше во тоалет, беше подуена. Се изморив од докажување било што. Мислете што сакате – порача таа.
Бројни следбеници и пружија поддршка, истакнувајки дека поминала низ незамисливо тежок период и дека нејзината борба за здравјето на нејзината керка не треба да биде повод за расправии и докажувања.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *