Огнот под Сентралија тлее повеќе од 60 години, а државата им плати на жителите засекогаш да ги напуштат домовите

Замислете длабоко под вашиот град да избие огромен пожар што никој не може да го изгасне. Земјата на одредени места ненадејно пропаѓа, а од пукнатини во асфалтот постојано излегува густ, отровен чад.
Токму такво апокалиптично сценарио ја запечати судбината на Сентралија, некогаш просперитетен рударски град во американската сојузна држава Пенсилванија. Под неговата површина, веќе повеќе од шест децении, гори незапирлив подземен оган.

Огнот под Сентралија тлее повеќе од 60 години, а државата им плати на жителите засекогаш да ги напуштат домовите

Место каде што генерации рудари се поздравуваа по улиците стана еден од најстрашните „градови на духови“

Некогаш ова било тивко и живописно место каде што луѓето живееле, работеле во рудниците за јаглен, одгледувале деца и секојдневно се сретнувале низ населбата.
Денес, Сентралија е позната како еден од најнеобичните и најстрашните „градови на духови“ во светот. Приказната за бавната катастрофа што засекогаш ја избриша целата заедница и понатаму предизвикува морници кај јавноста.

Место каде што генерации рудари се поздравуваа по улиците стана еден од најстрашните „градови на духови“

Во мај 1962 година, пламен од општинската депонија стигна до антрацитниот јаглен

Според најприфатената верзија на настаните, се започнало со навидум обично палење ѓубре на локалната општинска депонија.
Таа била сместена во јамата на стар напуштен површински коп, па огнот незабележано продрел низ процепите и ги зафатил длабоките слоеви јаглен, како и напуштените рударски тунели под градот.

Во мај 1962 година, пламен од општинската депонија стигна до антрацитниот јаглен

Јаглероден моноксид и сулфурни испарувања почнаа да пробиваат низ темелите на куќите

Во почетокот никој не бил свесен колку е сериозна опасноста. Локалните пожарникари постојано се обидувале да го изгаснат жариштето, но пламенот се ширел се подлабоко низ огромниот подземен лавиринт.
Набрзо, на повеќе места земјата почнала спонтано да се отвора во бездни со зовриена пепел. Животот над градот постепено се претворал во секојдневие над подземен пекол.

Јаглероден моноксид и сулфурни испарувања почнаа да пробиваат низ темелите на куќите

Дванаесетгодишно момче за влакно се спаси од бездна под семејниот двор

Сентралија не исчезнала преку ноќ. Умирала бавно и мачно речиси две децении.
Граѓаните биле длабоко поделени меѓу оние што одбивале да ги напуштат своите родни огништа и оние што сфатиле дека останувањето станало смртоносна стапица. Ситуацијата кулминирала на почетокот на осумдесеттите години, кога отворената провалија, длабока неколку десетици метри, ја покажала вистинската цена на животот над пожарот.

Дванаесетгодишно момче за влакно се спаси од бездна под семејниот двор

Конгресот издвои над 42 милиони долари, а повеќе од 500 објекти беа срамнети со земја

По овој инцидент, американскиот Конгрес во 1984 година издвои над 42 милиони долари за масовно откупување на имотите и трајно преселување на населението.
Државата откупила и урнала повеќе од 500 станбени и деловни објекти, а поштенскиот број на градот беше официјално укинат во 2002 година.

Конгресот издвои над 42 милиони долари, а повеќе од 500 објекти беа срамнети со земја

Државниот пат 61 стана „Автопат на графитите“, а под Сентралија има јаглен за уште најмалку 250 години

Дел од државниот пат 61 попушти и распука од пеколната топлина. Со години беше познат како „Автопат на графитите“ и привлекуваше илјадници туристи од целиот свет, се додека властите неодамна не го натрупаа со купишта земја за да го спречат пристапот на љубопитните посетители.
Експертите за рударство проценуваат дека под површината се уште има доволно јаглен за огнот да продолжи да гори уште најмалку 250 години. Денес, Сентралија стои како страшно сведоштво и вечно предупредување за тоа колку една мала, непромислена човечка грешка може неповратно да ја уништи природата и да избрише цел град од картата на светот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *