Уплатил ливче за само 4,5 евра и освоил речиси 1,2 милиони евра: 45-годишен маж со неверојатна добивка во спортска обложувалница

Еден страствен фудбалски навивач од Портсмут го доживеа моментот што секој обложувач го замислува, но ретко кој го гледа на својот екран. Со уплата од само 4 евра, неговиот тикет завршил со добивка од невероватни 1,2 милиони евра, благодарение на 12 натпревари од англиските фудбалски лиги и вкупен коефициент од речиси 250.000.

Остатокот на корисничката сметка го вложил на над 11,5 корнери

Навивачот на Астон Вила решил ситните пари што му останале да ги искористи на необична игра: на сите избрани натпревари прогнозирал дека ќе бидат изведени повеќе од 11,5 корнери. Како што завршувале дуелите еден по еден, тикетот се приближувал до добивка што може да промени цел живот.

Остатокот на корисничката сметка го вложил на над 11,5 корнери

Последниот корнер бил досуден во судиското продолжение во саботата попладне

Токму тогаш драмата го достигнала врвот. Еден удар од аголот ја претворил малата уплата во речиси милионска добивка.
„Беше невероватно емотивно. Во првиот момент ми се слоши и морав неколку пати да проверам дали сѐ ова е реалност. Мојата сопруга беше излезена, па едвај чекав да се врати дома за да ги види бројките на екранот и да ми потврди дека навистина сум освоил речиси милион фунти“, изјави пресреќниот добитник за британските медиуми.
Тој додал дека речиси воопшто не спиел цела ноќ, размислувајќи како да ги искористи парите. Неговите планови се јасни: финансиски да го обезбеди семејството, да отпатува со најблиските на заеднички одмор и да ги почести пријателите со кои со години ги следи фудбалските натпревари.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *