Свршеницата на Елвис Присли го откри неговиот бизарен фетиш и последните зборови што ѝ ги кажал
Во јавноста е позната како последната љубов на Елвис Присли, но и како „жената која не успеала да го спаси“, како што ја нарекувале неговите обожаватели откако се дознало дека токму таа последна го видела жив.
Џинџер Алден и Елвис Присли се свршиле по само неколку месеци врска. Иако нивната романса траела кратко, била исполнета со страст. По само два месеца забавување, Елвис ја прашал: „Дали би сакала да се преселиш кај мене?“, но таа го одбила, пишува британски „Експрес“.
„Да се преселам во Грејсленд, а претходно да не сум се омажила, за мене тогаш беше неприфатливо. Потекнувам од прилично конзервативно семејство. Моите сестри и јас бевме воспитувани да веруваме дека заедничкиот живот започнува дури по венчавката. Надевајќи се дека ќе ме разбере, го погледнав во очи и нервозно му реков: ‘Елвис, тоа едноставно не е мојот начин на живот’. За среќа, Елвис го прифати тоа. Се насмевна и рече: ‘Добро, те почитувам поради тоа’“, напишала Џинџер во своите мемоари.
Таа останала да живее во куќата на своите родители, недалеку од имотот на Елвис, Грејсленд. Не ни претпоставувала дека само неколку месеци подоцна ќе го пронајде кралот на рокенролот мртов, стуткан на подот во бањата.

Содржина:
Се свршиле по само неколку месеци врска
Елвис ја запросил Џинџер на 26 јануари 1977 година. Таа прифатила. Во тоа време имала 20 години, а тој 42.
Интересен детаљ од нивната приказна е тоа што кралот на рокенролот најпрво се забавувал со нејзината сестра, која всушност и ги запознала.
Покрај тоа, Џинџер веќе била свршена кога Елвис почнал да ѝ се додворува. На наговор на мајка си, ја раскинала свршувачката и започнала романса со легендарниот пејач.
Елвис ја опсипувал Џинџер и нејзиното семејство со скапи подароци, од автомобили до накит вреден милиони долари. Планирал дури и да ѝ купи вила на својата идна тешта, но неговата смрт ги прекинала тие планови.
Починал на 16 август 1977 година во Грејсленд.
Џинџер Алден дури во 2002 година го дала своето прво интервју за Елвис Присли, а подоцна во повеќе наврати зборувала за нивниот однос.

Фетишот на Елвис Присли
Во тоа интервју Џинџер опишала како изгледал нивниот прв интимен однос.
Според нејзините зборови, Елвис не ја соблекувал долната облека, ниту целосно се соблекувал, бидејќи сметал дека партнерите не треба да се гледаат голи пред венчавката.
По интимниот однос ѝ подарил часовник и ѓердан со дијаманти.
„Знаев дека го сакам и дека не можам да го замислам животот без него. Ми изгледаше како да го познавам многу подолго од тие неколку месеци. Верував дека ја пронајдов својата сродна душа. Нашата врска беше толку интензивна…“, раскажала таа.
Потоа ја опишала нивната свршувачка и неговата реакција кога прифатила да се омажи за него.
„Раката ми се тресеше кога ме одведе во спалната соба. Ми ја подигна раката, го погледна прстенот и само рече: ‘О, човече!’“

Последните зборови на Елвис Присли
Според тврдењата на Џинџер, Присли се борел со зависност од дрога и алкохол, а таа тврдела дека физички и психички ја малтретирал.
Го опишала како опсесивно љубоморен човек и навела дека во напади на бес пукал во телевизорот и телефонот, користејќи оружје што го криел низ куќата.
Сакала да го напушти, но, како што изјавила, немала сила да го направи тоа.
Тврдела и дека имал проблеми со прејадување и дека сите оброци му ги носеле во кревет.
„Одам во бањата да читам“, биле последните зборови што, според нејзиното сведоштво, Елвис Присли ѝ ги кажал на Џинџер Алден.

Коментирај анонимно