Бугарија повторно враќа македонски јаболка поради пестициди: За помалку од една недела запрени над 40 тони

Бугарската агенција за безбедност на храната, БАБХ, забрани влез на голема пратка свежи јаболка со потекло од Македонија, откако вонредните лабораториски анализи на граничниот премин утврдиле присуство на остатоци од пестициди значително над максимално дозволените европски граници.
Според официјалното соопштение на бугарските инспекциски служби, пратката со вкупна тежина од 19.350 килограми ќе биде целосно вратена назад во Македонија. Од агенцијата наведуваат дека овошјето не ги исполнува законски пропишаните безбедносни критериуми за пласман на пазарот на Европската Унија.
Ова не е прв ваков случај во последните денови. На 29 октомври, бугарските власти запреле уште една пратка од 21.089 килограми јаболка од Македонија, откако лабораториските анализи откриле присуство на пестицид забранет за употреба во Европската Унија. И таа пратка била предвидена за враќање во земјата на потекло. Така, за помалку од една недела, Бугарија запрела две пратки македонски јаболка со вкупна тежина од над 40 тони.

Бугарија повторно враќа македонски јаболка поради пестициди: За помалку од една недела запрени над 40 тони

Мострите биле земени при влезот на камионот

Неправилноста била откриена во рамките на тековните засилени фитосанитарни контроли што бугарските власти ги спроведуваат при увоз на свежо овошје и зеленчук од трети земји.
По официјалното лабораториско тестирање било утврдено дека концентрацијата на хемиски препарати ги надминува дозволените норми. Токму тој наод ја запрел пратката пред да продолжи кон пазарот.

Мострите биле земени при влезот на камионот

БАБХ не ги објави ниту пестицидот, ниту производителот, ниту извозникот

Во јавно објавеното соопштение не се прецизира точниот вид на откриениот пестицид, ниту измерените концентрации. Не е наведено ни името на производителот или извозникот од Македонија.
Се наведува единствено дека наодот се однесува на конкретната контролирана пратка и дека за случајот се известени надлежните институции. Ова не е првпат пратки со земјоделски производи од регионот да бидат вратени од границите на Европската Унија поради надминати концентрации на заштитни хемиски средства, што претставува сериозен аларм за потребата од доследно почитување на каренците и прописите при третманот на насадите.

БАБХ не ги објави ниту пестицидот, ниту производителот, ниту извозникот

Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *